Основање и Дејност

Податоците од следењето на побарувачката и зголемениот подем и раст на градежништвото во годините до 2005 год, укажуваа на потреба од неминовно зајакнување и формирање на независната Компанија – Бауер БГ Доо – Скопје, која со своите капацитети и кадар би дејствувала компетативно на повеќе полиња од градежниот сектор.

Со голема амбициозност, професионалност и сериозност Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Бауер БГ“ Доо Скопје, со седиште на ул.„16-та Македонска Бригада“ бр.18 Скопје, Општина Гази Баба, е трансформирано и издвоено како посебен градежен субјект во склопот на поранешната градежна оператива на Рудници и Железарница – Скопје на ден 09.12.2005 год, со домашен капитал.

Претежна дејност на Компанијата е Изградба на деловно-станбени единици од високоградба, ентериерно уредување, како и работи во нискоградба,  патна и железничка инфраструктура. Како дел од поранешни Рудници и железарници – Скопје, а со етаблирање на сите ресурси, деловни и магацински простории, и со интензивна работа на бројните производни погони кои се составен дел на нашата Компанија, реализирани се значајни репрезентативни проекти. Од основањето, се до последната финансиска година Друштвото работи со зголемен интензитет, во постојан пораст, и работи со добивка. Ги поседува сите потребни лиценци за работа издадени од Министерството за транспорт и врски (Лиценца А за изведувач, Лиценца А за проектирање, лиценца А за надзор и лиценца А за ревизија на проектна документација). Располага со високо стручен технички и инженерски кадар, кој брои повеќе од 350 вработени.

Референца

Референцата на нашата Компанија содржи голем број проекти кои се од голема важност и значење. Позитивниот Извештај од билансот на состојба и билансот на успех само ја потврдува успешноста и кондицијата на нашето Друштво. Низ годините посветена работа, работејќи не само на проектите, туку и на постојано надградување на нашите човечки и кадровски ресурси, со усовршување и зголемување на нашите капацитети.

Кон Проекти

Капацитети

Во поглед на физичките капацитети и соодветната опременост со машини, опрема и алати, во склопот на Компанијата постојат и се организирани повеќе работни производни единици со соодветен број на квалификувани работници: комплетно опремен погон за производство на мебел и галантерија, браварска, електричарска и стакларска работилница, што во секој случај ни дава право да се вброиме во оние работни организации кои можат да ги задоволат современите барања и потреби за целосна изведба во сите сегменти на поставените работни задачи и обврски од областа на градежништвото.

Со нашата квалитетна изведба се грижиме како општествено одговорна компанија, која постојано вложува и остава дела корисни за градот и за целата заедница. Прераснавме во препознатлив бренд, лидер во нискоградбата и високоградбата во Македонија и регионот.

Со огромниот потенцијал во поглед на техничко – технолошката опременост која што ја поседува нашата Компанија, во облик на голем возен парк на градежна механизација, опрема, репроматеријали и готови физички капацитети со голема површина, како и со ангажираниот квалитетен и докажан стручен кадар и квалификувани работници, кои во заедничка тимска работа покажуваат исклучителна професионалност, подготвеност и спремност за извршување на било какви работни задачи од областа на градежништвото, проектирањето и изведбата, Бауер БГ Доо се издвојува како една од Компаниите кои се значајни двигатели на Македонската економија и стопанство, посебно во областа на градежништвото и градежниот сектор.

Заедничката спрега на сите погони сместени во кругот на нашата Компанија ни овозможуваат комплетно, финално и целосно завршување на градежните работи до фаза „клуч на рака” со изработка на секаков вид на ентериер и надворешно партерно уредување.

Визија и Политика за квалитет

Нашата визија и стратегија за развој вклучува раст на повеќе од нашите сектори во иднина, во согласност со реалните потреби во периодот што следи. Оттука, врз основа на обемноста на работите, и со оглед на капацитетите со кои располагаме, нашето Друштво има за цел проширување на капацитетите и полињата на дејствување.

Политиката за квалитет, заштита на животната средина и заштитата на здравјето и безбедноста на работа во Бауер БГ ДОО Скопје е наменета на воспоставувањето на правилата за работа во согласност со: стандардите ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001, законски пропишаните обврски и посебните барања на нашите деловни партнери.

Со усвоената Политика за ИСМ овозможуваме постигнување на следните цели:

  • Постојано подигнување на нивото на задоволството на клиентите за нашите услуги и производи (преку следење на нивните барања, проширување на асортиманот на услуги и производи, обезбедување на задоволително и повторливо ниво на квалитет);
  • Воспоставување на професионални односи со клиентите, добавувачите, подизведувачите и сите заинтересирани страни;
  • Постојано идентификување на потенцијалните опасности по безбедноста и здравјето на вработените и аспектите на животната средина, како би овозможиле минимизирање на ризиците по безбедноста и здравјето на вработените и штетните влијанија на животната средина.
  • Обезбедување на стручен и мотивиран кадар преку: професионална селекција, континуирана едукација, ефикасна организација, поттикнување на инвентивноста, постојан развој на тимската работа, взаемна доверба и почитување.
  • Постојан раст и развој на компанијата преку зголемување на ефикасноста и ефективноста на активностите.

Остварување на целите дефинирани во Политиката е постојана задача на сите вработени во компанијата.

Поради тоа, раководството на Бауер БГ ДОО Скопје постојано ќе ја преиспитува Политиката за ИСМ како и сите елементи на системите за менаџмент и ќе ги прилагодува на условите на пазарот и целите на компанијата.